Роналдо само се слика гол покрај базенот

176

Кристијано Роналдо веќе подолг период е во самоизолација во родниот град Мадеира. Ѕвездата на Јувентус ја напушти Италија после дерби натпреварот против Интер и буквално го напушти Торино пред да започне пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19.

Според последните информации, на Апенинскиот полуостров веќе има 74.386 лица кои се заразени, а бројот на починати за жал се искачи на 7503. Тешко е за верување дека ќе биде одиграна актуелната сезона во Серија А.

Португалскиот интернационалец редовно тренира во својот дом и се подготвува за евентуалното продолжување на сезоната, но сигурно нема да се чувствува убаво кога ќе ги прочита последните коментари на поранешниот претседател на „старата дама“, Џовани Коболи Џили.

Веднаш откако ја напушти Италија, Роналдо изјави дека заминал во Мадеира за да биде покрај својата мајка, Долорес, кој претходно преживеа мозочен удар.

  • Во Јувентус целата ситуација се закомплицира откако Роналдо ја напушти Италија. Кажа дека си заминал во Португалија поради својата мајка, но сега имам впечаток дека само се слика гол покрај базенот. Кога за него беше направена отстапка, работите почнаа да се распаѓаат. И другите фудбалери сакаа да си заминат дома. Тоа е неприфатливо. Сите мораа да останат во карантин. Лесно е да се критикува од страна, но не знам зошто фудбалерите сакаа да си заминат од Италија. Кога ќе се вратат, ќе мораат да бидат во карантин 14 дена и тешко дека ќе се вратат во форма, изјави Џили.

После Роналдо, Торино го напуштија и Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Родриго Бентакур и Даглас Коста. Пред неколку дена Португалецот донираше милион евра за борба против коронавирусот.