По победата над Џастин Гејчи, многу познати личности испратија порака за подршка за Хабиб Нурмагомедов, кој повторно го врати шампионскиот појас и веднаш потоа стави крај на богатата кариера.

  • Честитки брате. Татко ти е горд на тебе, напиша на Инстаграм еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо.

Дагестанецот славеше по една минута и 53 секунди во втората рунда откако „го заспа“ Гејчи бидејќи судијата не го виде Американецот како бара прекин на борбата.