Роналдо (не)намерно го изостави Роналдо

167

Додека фудбалскиот свет се уште води „војна“ околу тоа кој е подобар, Лионел Меси или Кристијано Роналдо, за легендарниот Бразилец, оригиналниот Роналдо, не постои никаква дилема околу ова прашање.

Не само што без никакво размислување, титулата најдобар на свет му ја додели на Меси, Бразилецот го изостави Кристијано Роналдо од својот список со најдобри пет фудбалери на денешницата, кој го состави за шпанскиот весник „АС“.

Освен Меси, во списокот на Роналдо имаше место и за Мохамед Салах, Еден Азар, Неимар и Килијан Мбапе.

  • Меси, нормално е број еден. Таков талент нема да видиме во следните 20 или 30 години. Ми се допаѓа и Салах, Азар, Неимар, него многу сакам да го гледам, и нормално Мбапе, изјави Роналдо Назарио.

Освојувачот на најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет –„Златната топка“, не откри зошто го изоставил Кристијано Роналдо, но откри дека може да ги разбере тие кои моментално го споредуваат со бомбардерот на ПСЖ, Мбапе.

  • Голем е бројот на тие кои викаат дека Мбапе личи на мене, многу е брз, има одлична завршница, добро се движи, шутира со двете нозе и поседува невиден потенцијал. Иако имам многу слични карактеристики, јас не ги сакам споредбите, особени помеѓу фудбалерите кои се од различни генерации, додаде Бразилецот.

Роналдо моментално е мнозински сопственик на шпанскиот прволигаш Реал од Валјадолид и смета дека Примера дивизион е најсилна лига во светот.

  • Можеби англиските клубови повеќе заработуваат од ТВ-правата, а но најдобрите играчи во светот играат во Шпанија, барем поголемиот дел од нив, заклучи Роналдо.