Кристијано Роналдо одлучи да стави крај на гласините за раскинување со Џорџина Родригез. На Инстаграм објави фотографија на која се бакнуваат на романтична вечера.

„Да живее љубовта“, напиша тој покрај фотографијата на која се гледа како парот се бакнува и наздравува.

„Ова е фотографија за сите оние кои зборуваат за раскинување“, „Вака треба да одговорите на критичарите“, „Најголемата љубовна приказна досега“, напишаа фановите во коментарите, среќни што фудбалерот стави крај на гласините .
Во последните денови странските медиуми шпекулираат дека фудбалерот Кристијано Роналдо раскинува со својата свршеница Георгина Родригез. Таа исто така неодамна, по бројните гласини, објави интересна приказна на Инстаграм.

„Завидливите измислуваат гласини, се шират озборувања и идиотите веруваат во тоа“, е текстот на шпанската песна што ја сподели Џорџина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)