Кристијано Роналдо (36) го напушти Јувентус во сензационалниот трансфер на самиот крај на летниот преоден рок и се врати во Манчестер Јунајтед. Но, се чини дека Португалецот нема да ја заврши кариерата на „Олд Трафорд“, а тоа го откри неговата мајка Марија Долорес Авеиро.

Авеиро откри во интервју за португалските медиуми каде нејзиниот син ќе стави крај на својата голема фудбалска кариера.

  • Кристијано мора да се врати во Спортинг. Тој ќе го стори тоа за мене. Му реков дека пред да умрам, сакам да го видам уште еднаш во дресот на Спортинг. Сепак, ве предупредувам, тој ми рече дека планира да игра до 40-та година, така што има време дотогаш, откри мајката на Португалецот.
    Таа воедно е воодушевена од неговото враќање во Манчестер Јунајтед.
  • Му реков дека ја поддржувам неговата одлука да се врати во Манчестер. Гледајќи полн стадион и 75.000 луѓе што го извикуваа неговото име… Тоа е голема, неповторлива емоција, додаде Долорес.

Авериро исто така се присети на средбата со најголемиот ривал на Кристијано, Лео Меси. Тоа беше 2017 година кога синот на Роналдо го запозна Меси на доделувањето на „Златната топка“.

  • Бев со внукот и му реков: „Види, тоа е Меси таму“. Ми рече дека е невозможно и дека Меси е повисок, се присети мајката на Роналдо, а потоа додаде:
  • Тогаш Кристијано го охрабри да оди кај Меси и да му се јави, што воедно и го направи. Меси е многу пријатна личност, но мојот внук е веќе повисок од него. Ха, ха, ха, тоа е навистина симпатично, заврши Долорес.