Една од најпознатите манекенки, Ирина Шаик, која своевремено му беше девојка на Кристијано Роналдо, постојано ги украсува насловните страници на светските магазини, благодарение на убавината и совршеното тело.

За многумина Ирина е пример како да се дојде со совршено тело. Иако генетиката изиграла голема улога, јасно е дека манекенката троши многу време на усовршување на својот изглед. Таа на својот „Инстаграм“ постојано објавува секси фотографии на кои следбениците „плакнат очи“, а сигурно и на Роналдо му е премногу мака што повеќе не е со неа.

Инаку, Португалецот веќе неколку години е во врска со Шпанката Џорџина Родригез.