Роналдо е луд и е идиот!

67

Шпанскиот весник „El Confidencial“ ги објави тајно сниментите разговори на првиот човек на Реал (М), Флорентино Перез, во кои претседателот на „кралскиот клуб“ брутално ги навредува клупските легенди Икер Касиљас и Раул Гонзалес.

Веќе следниот ден, истиот медиум објави уште два текста во кои можат да се прочитаат транскриптите од разговорите кои Перез ги има водено во различни временски периоди и во кои повторно ги навредува легендите на Реал (М).

Во вториот текст можат да се прочитаат новите изјави кои се наменети за Касиљас. Станува збор за разговор кој се има случено во 2006 година.

  • Веќе сите гледаат дека имаме подобри голмани од Касиљас. Тој не ни знае, толку е очаен. Нема место за паника, јас добро го познавам. Тој е човек без… Те молам, многу е низок. Исто така, веднаш се гледа кога е во добар однос со девојката, а кога не е. Тогаш е отсутен, како мало дете. Икер е куче кое седи во крило, кукла. Јас имам многу добар однос со него, но луѓето тоа не го знаат. Луѓето мислат дека јас тоа не го гледам, но јас сум сфесен дека Икер ќе беше број еден само малку повеќе да вложеше во себе. И сега е спектакуларен иако му фали некој сантиметар, коментира Перез.

Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо се на мета во третиот текст на „El Confidencial“.

  • Тој е луд, типот е идиот. Можеби мисли дека е нормален, но не е. Ако беше нормален, немаше да го прави тоа кое го прави. Зошто мислиш дека постојано прави глупости?, е коментарот на Перез наменет за Роналдо.
  • Мендеш не му е шеф. Исто важи и за Мурињо. Нема никаквио влијание. Ниту кога треба да даде некакво интервју. Нема еб*ни шанси. Двајцата се размазени типови кои не ја гледаат реалноста. Ако се паметни, ќе заработуваа далеку повеќе пари. Збориме за многу повеќе пари кога се во прашање правата, ликот и делото. Имаат лице кое делува одбивно за останатите луѓе, додава Перез.

На крајот од третиот текст Перез удира со дрва и камења по португалскиот интернационалец Фабио Коентрао.

  • Фабио е уште еден лик кој нема глава, а Мадрид таквите брзо ги јаде. Тој сере во гаќи, а Мурињо е имбецил. Не дека Коентрао не сака да игра, но не е нормален. Вози низ Мадрид без возачка дозвола, коментира Перез.