Роналдо дозна зошто е омразен во Аргентина

174

Аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пауло Дибала, кој успешно се опоравува од заразата со коронавирусот, откри дека пред извесно време се обидел да му објасни на тимскиот колега, Кристијано Роналдо, зошто е толку омразен во неговата земја.

  • Му реков: ‘Кристијано, ние во Аргентина малку те мразиме. Поради твојата фигура, начин на живот, начинот на одење…’ Но, се изненадив, затоа што играјќи со него открив нешто сосема друго. Роналдо на тоа ми одговори: ‘Знам дека сум таков, но со таквите нешта научив да се носам во текот на кариерата, откри Дибала.