Ромеро наследник на Пике

74

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на дефанзивецот од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Кристијан Ромеро. Повремениот репрезентативец на Италија актуелната сезона ја одработува како позјамен играч во дресот на Аталанта, а калчолигашот од Бергамо ја има на располагање и опцијата за откуп на неговиот договор но официјалната понуда не смее да биде помала од 20 мил. евра.