Рома Труба Фест“ по 14. пат во Куманово

104

Кумановци ќе имаат можност да уживаат во звуците на трубата на 14. „Рома труба фест“ што ќе се одржува на градскиот плоштад.

Организатор на традиционалната манифестација е Ансамблот за народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“, а фестивалот се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура.

На двете фестивалски вечери ќе настапат 15 оркестри од Србија, Франција, Белгија, Кипар и од македонската сцена.

– Очекуваме дека ќе имаме повеќе публика. Се надеваме дека идната година, бидејќи е јубилеј, фестивалот ќе прерасне во мала „Гуча“, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Самет Салиевски.

На првата фестивалска вечер ќе настапат: Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестри од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс.

На втората фестивалска вечер, која ќе се одржи в петок, ќе настапат Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, Млади браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестри од Франција и Кипар, а специјален гостин е Љубојна.