Се погласни и погласни се шпекулациите дека капитенот на италијанскиот калчо гигант Милан, Алесио Ромањоли, ќе си замине од „Сан Сиро“ на крајот од актуелната сезона и тоа како слободен фудбалер. Централниот дефанзивец има договор со „росонерите“ до 30. јуни 2022 година, а преговорите околу продолжувањето на соработката не вродија со плод поради неговото барање да има годишна плата од 5.5 мил. евра. Според истите медиуми, Ромањоли најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на лутиот ривал Интер.