Ромањоли е недостапен за сите

83

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат да ги осигураат услугите на Алесио Ромањоли за време на летниот преоден рок.

Иако голем интерес за услугите на капитенот на “росонерите” покажаа најбогатите клубови од англиската Премиер лига, челниците на Милан испратија јасна порака дека репрезентативецот на Италија не е за продажба и дека има статус на недопирлив.

Неофицијално, англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед бил подготвен да одвои најмалку 50 мил. евра за обештетувањето на Ромањоли.