Роман Бурки помеѓу стативите

80

Лондонскиот премиерлигаш Челзи не се откажува од намерата да стави крај на соработката со најскапиот голман на денешницата, Кепа Аризабалага. Шпанскиот интернационалец постојано беше критикуван поради лошите интервенции како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампиони.

Менаџерот на „сините“, Франк Лампард, веќе дал зелено светло за продажба на Кепа, а англиските медиуми открија дека Челзи сака за 15 мил. фунти да ги осигура услугите на првиот голман на Борусија од Дортмунд, Роман Бурки.