Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го привлекува вниманието на спортската јавност со своите дискутабилни изјави и однесување.

Изминатата недела направи скандал на мастерс турнирот во Рим, за време на мечот против Каспер Руд, кога целосно полуде, се расправаше со судијата, фрлаше столчиња на теренот…, што значеше и негова дисквалификација, како и парична казна.

Сепак, кога сите помислија дека конечно ќе му дојде памет, тој одново се јави. Овој пат негова мета не беше некој од тенисерите, туку конкретно, грен слем турнирот Ролан Гарос.

  • Вимблдон е најдобриот турнир во светот, бидејќи се игра на трева. Откажете се од земјата, луѓе. Кој сака земја кога е многу лоша за играње. Сметам дека Ролан Гарос е ср*ње во споредба со Вимблдон. Апсолутно ср*ње, изјави контроверзниот тенисер.

Со оглед на неговите константни реакции и непромислени испади многумина очекуваат наскоро да добие некоја драконска казна со која би се вратил во нормала.