Еден од најпопуларните рок-ѕвезди, пејачот Род Стјуарт, летува во Дубровник, во еден од најубавите медитерански градови. Тој во градот на Дундо Мароје и градот на трубадурите, но и градот кој важи за еден од најскапите, пристигна со своја трета сопруга Пени, која има само 49 години. Род од Пени е постар 25 години, но тие се сакаат.

Љубовта не ја криеле дури ни сега во Дубровник. Прегрнати без маски и со вљубени погледи најчесто шетале низ атрактивниот дубровнички Страдун, воодушевени од оваа популарна улица во градот под брдото Срѓ. Воодушевени се и сите оние кои го среќаваат деновиве во убавиот град. Род е срдечен и не се прави важен, речиси со секој прави муабет.
Род, кој инаку, се излечил од рак на простата е првпат во овој вечен омилен град на милиони туристи, кои и ова лето и покрај пандемијата масовно го посетуваат, но под строги мерки на заштита. Рок-пејачот одлично се забавува низ кафулињата на Страдун со добро вино, под гранките на зелените морски билки, со серенади и мандолини.

Преку ден на жешкото сонце излегува облечен најчесто во бела боја со бел качкет или сламен шешир на главата, како самиот да знае дека белата боја им е омилена на дубровчаните….. (Д.М.) фото: Инстаграм