Рок-пејачката Слаѓана Милошевиќ во самоизолација стана жртва на семејно насилство!

252

Слаѓана паднала на шолјата и потоа на машината за алишта. Цело време со удирање тој ја избуткал преку кадата….а, таа веднаш го пријавила во полиција!

Познатата рок/пејачка од Белград, Слаѓана Александра Милошевиќ која генерациите ја памтат по многу хитови најмногу по хитот со Дадо Топиќ “Ја сам принцеза“, и по хитовите: Мики, Мики велики, Ја сам секси дама, Ти си моја симпатија, Ау, ау….а, ја памтат и по нејзиниот секогаш контроверзен сценски стајлинг по примерот на Лејди Гага, вчера беше силно претепана од нејзиниот 45-годишен партнер И.С. во нејзиниот стан. Слаѓана веднаш го пријавила во полиција, по што тој е уапсен. Според нејзините изјави, тој после нивната меѓусебна расправија, почнал да ја удира и влече.
„Прво двајцата се расправале, а додека таа била во тоалетот, тој грубо ја турнал, по што Слаѓана паднала на шолјата и на машината за алишта. Цело време додека се влечеле пејачката го држела неговиот телефон и не му го давала, но со удирање тој ѝ го грабнал и ја турнал накај кадата, но не паднала во неа“, рекол извор за српските медиуми. Се шпекулира дека сето ова се само оние од некои несакани последици од константната затвореност дома, поради пандемијата на ковид-19, која владее во Белград со позначителен интензитет. На позната пејачка ѝ била пружена лекарска помош во Ургентниот центар во Белград. Таа сега се чувствува добро, а на насилникот допрва му следува дебела казна поради семејното насилство. Д.Миќиќ/foto:FB