Рози за корисничките на услугите на Црвениот крст на град Скопје

72

Секој се обидува да го даде својот придонес, и на свој начин да им ја олесни состојбата во која се наоѓаат другите.

Овој пат, Црвениот крст на град Скопје доби донација од Фоекје Балтовска од Кочани, преку која им го разубави денот на корисничките на нивните услуги.

Како што велат од Црвениот крст корисничките добиле рози во знак на внимание и позитивна енергија, која ни е потребна на сите.
Дистибуцијата се вршеше преку мобилните тимови кои им купуваат храна, хигиена и лекови на лицата кои се дома.