Американсакта тенисерка Серена Вилијамс, вели дека минатогодишниот Хопман куп, кога играла против Роже Федерер и било едно од најдобрите искуства во кариерата.

Роже играше со Белинда Бенчиќ, а на Серена партнер во двојки и беше Френсис Тијафо.

-Бев толку многу возбудена, тоа буквално беше меч на мојата кариера. Да се игра против таков тенисер, против нтенисер на кого му завидувате на неговите успеси и тоа во натпреварувачки меч, не се случува често. Тој е најголем на сите времиња, на теренот и надвор од него, изјави Серена.

Американката во совјата кариера има освоено 23. Грен слем титули, додека Федерер има освоено 20 грен слем титули.