Род Стјуарт се излечил од рак на простата

80

Британската и светската рок-ѕвезда Род Стјуарт кој сега 74 години долго и успешно криеше дека имал рак на простата. Тој и покрај болеста настапувал на концерти, но во помал број. Од 200 концерти, пеел само на 100. Но никој тоа не го забележувал, туку менаџерите мислеле дека му е доста веќе од патувањата и пеењето, а всушност Стјуарт на тој начин ја криел болеста, одмарајќи си го организмот. Сега кога дефинитивно ја победи болеста, самиот вели дека може пак да биде сосема активен на сцената…..