Родриго замена за Фирмино

76

Бразилскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Родриго, е најновата желба на менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, Јурген Клоп. Трофејниот германски стручњак е убеден дека Родриго ќе биде идеална замена за неговиот сонародник, Роберто Фирмино, кој сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Неофицијално, „црвените“ се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за обештетувањето на Бразилецот.