Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, во неделата го прослави својот 29. Роденден, а интересна честитка доби од познатата порно – актерка Кендра Ласт.

Имено, оваа двојка беше поврзувана во јануари 2018 година кога Колумбиецот наводно ја заследил Кендра на „Твитер“, а потоа имаа интересни сцени.

  • Среќен роденден Џејмс, се надевам дека уживаш, напиша Кендра на социјалните мрежи.

Кендра во порно-индустријата влезе во 2012 година, а претходно беше медицинска сестра и стриптизерка. Покрај снимање на филмови за возрасни, таа добро го познава спортот, а според неа Денис Роднам и е подраг од Мајкл Џордан.