Колумбискиот интернационалец од редовите на Реал (М), Хамес Родригез, е најновата желба на раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
Поради очајните резултати кои се остварени во есенскиот дел од сезоната, челниците на популарните „топчии“, планираат да ангажираат неколку квалитетни засилувања веќе во јануари.
Лондонскиот клуб сака прво да го позајми искусниот играч за врска, а потоа, на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор.