Куќата во која е роден Адолф Хитлер ќе стане полициска станица, изјавија од Министерството за внатрешни работи на Австрија, обидувајќи се да превенираат куќата да стане неонацистичко светилиште.

Жолтата куќа во северното гратче Браунау, на границата со Германија, каде Хитлер бил роден на 20 април 1889, ја презеде владата во 2016 година.

Судбината на куќата долго време беше во судски процедури со фамилијата Помер, која беше сопственик на куќата  речиси еден век. Највисокиот суд оваа година определи компензација за фамилијата Помер и ја предаде на Министерството за внатрешни работи.

„Понатамошното користење на куќата од страна на полицијата ќе даде јасен сигнал дека оваа градба никогаш нема да биде спомен место за нацизам“, изјави министерот за внатрешни работи, Волфганг Печорн. Во текот на месецот ќе биде објавен оглас за редизајнирање на куќата.