Родителите на Клара Чиа се против нејзината врска со Пике: Причината е скандалозна

255

Жерар Пике освен што не е баш во најдобар однос со поранешната партнерка Шакира, се чини дека има проблеми и со семејството на новата девојка, пренесуваат шпанските медиуми. Иако изгледаше дека ситуацијата навидум ќе се смири, особено по првичната пресметка меѓу Шакира и Пике и нејзината преселба од Барселона во Мајами, ситуацијата воопшто не е розова.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, родителите на Клара Чиа, Луис и Лоам, не се за тоа нивната ќерка да биде во врска со познатиот фудбалер од Каталонија, пишува „Глоси“.

Според странските медиуми, семејството на дваесет и четиригодишната Клара се уште не е убедено дека врската со Пике е вистинскиот избор за нивната ќерка.

Според нивните информации, на родителите на Клара не им се допаѓаат повеќе работи кога е во прашање нејзината романса со легендарниот играч на Барселона.

Еден од проблемите што тие го наведоа е тоа што Клара многу често ги посетувала родителите на Пике, додека Пике ги посетил нејзините родители не повеќе од два пати.

„Клара ја посетила куќата на родителите на Пике безброј пати, но колку пати Пике бил во куќата на Клара од Божиќ? Два пати, максимум“, пренесуваат шпанските медиуми.

Сепак, ова не е единствениот, ниту најголемиот проблем во очите на родителите на Клара.

Имено, тие не го одобруваат целиот скандал кој се појави во јавноста по раскинувањето со Шакира и тоа што Пике е дури 12 години постар од нивната ќерка. Нивната ќерка има 24, додека Пике 36.

Сепак, најголемата причина поради која се против врската на Клара и Пике е неговата репутација, односно не им се допаѓа неговиот карактер.