Роденденските торти на Шилегов отидоа во хуманитарни цели

337

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска слави 50-ти роденден. По тој повод, како што и самиот напиша на неговиот профил на фејсбук, тој им се заблагодари на сите кои му го честитаат роденденот.

– Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти. Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни – напиша Шилегов.

Тој повика да се донираат средства за Здружението “Трисомија 21” за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896