Робот е најдобриот „шутер“ на кошеви на Олимписките игри/ВИДЕО

69
Фото: Instagram mbtechindonesia

За време на полувремето на кошаркарскиот натпревар помеѓу САД и Франција на тековните Олимписки игри, еден робот одлучи да им покаже на сите дека е убедливо најдобриот стрелец во ова натпреварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MBtech Indonesia (@mbtechindonesia)

CUE 4, како што е името на овој хуманоиден робот, прво фрли едно слободно фрлање, потоа застана зад линијатаза три поени, шутираше и погоди, а потоа, на задоволство на гледачите, се упати кон средината на теренот за да даде кош и од оваа позиција. Се разбира, топката влезе во кошот.

Верувале или не, роботот CUE 4 е направен од група вработени од лабораторијата за истражување и развој на Тојота, во слободно време. Ова е четврто повторување на нивната оригинална идеја.

Еве како нивниот робот ја забавува публиката на неодамнешниот кошаркарски натпревар на Олимпијадата.