Роберт Дауни Џуниот во нова верзија на филмот „Доктор Дулитл“
Филмот е базиран на ликот на Доктор Дулитл од романот "The Voyages of Doctor Dolittle" на англискиот писател Хју Лофтинг. Филмот го режираше Стивен Гаган, а во кината ќе почне да се прикажува во март 2020 година. Судејќи по трејлерот оваа верзија на приказната значително ќе се разликува од онаа од 90-тите, кога надерениот доктор го глумеше Еди Марфи. Покрај Дауни Џуниор во филмот ќе глумат и Антонио Бандерас, Мајкл Шин, Хари Колет...а, гласови позајмуваат Рами Малек, Селена Гомез, Ралф Фајнс...