Роберт Дауни Џуниор потврди дека веќе нема да глуми во филмовите на „Марвел“

56

Роберт Дауни Џуниор во интернет-емисијата „Смартлес“ потврди оти веќе нема да глуми во филмови на серијалот „Марвел“.

Претходно имаше гласини оти тој може да се врати во улогата на Железниот човек во наредниот филм „Црната вдовица“ (Black Widow)… Премиерата на овој филм е закажана за ноември годинава.

Но на директнo прашање од водителот Џејсон Бејтман за тоа – до каде се тие проекти, Роберт Дауни Џуниор (55), одговори: „Сите тие се завршени“.