Робен го одби Јунајтед поради миризбата

249

Кога Сер Алекс Фергусон беше менаџер на Манчестер Јунајтед, овој клуб беше синоним за трофеии. Ретки беа фудбалерите кои во тоа време не сакаа да играат за славниот шкотски стручњак, кој многу добро знаеше да процени како профил на играч му е потребен.

Сепак, има многу информации кои говорат дека Фергусон не бил толку моќен, односно не успеал во намерата да го убеди баш секој фудбалер да се пресели на „Олд Трафорд“.

Еден од тие играчи е и славниот холандски интернационалец Аријен Робен. Крилниот напаѓач во 2003 година беше ѕвезда во подем и најдобар фудбалер во дресот на ПСВ. Фергусон се обидуваше на секаков можен начин да ги осигура неговите услуги, дури и заедно вечераа во Манчестер, но трансферот никогаш не стана реалност.

Во интервјуто за FourFourTwo, кое го даде во 2018 година, Робен откри дека преговарал со Фергусон додека бил дел од ПСВ.

  • Заедно вечеравме во Манчестер, разговаравме на многу теми, за фудбалот и животот. Тоа беше навистина фантастичен разговор. Дури бев и на стадионот, ги видов и терените за тренинг. Но кога се вратив во ПСВ, се остана во мирување. Не знам, можеби ПСВ истовремено преговараше со Челзи, можеби тие понудија повеќе пари. Навистина не знам што се случи. Ако во истиот момент Јунајтед му понудеше договор, јас без размислување ќе го потпишев. Сепак не жалам за таа пропуштена шанса, откри Робен.

Интересно, легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, најпосле ја откри вистинската причина поради која Робен не го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Репрезентативецот на Англија откри дека Робен бил еден од најтешките противници во неговата кариера, многу тежок за чување и сакал да бидат тимски колеги. Фердинанд откри дека се било во ред се до моментот кога Аријен Робен го посетил тренинг кампот на Јунајтед.

  • За каков играч станува збор? Робен беше фантастичен, моравме да ги осигураме неговите услуги. Дојде на полигонот за тренинг, но веднаш се виде дека не му се допаѓа мирисот. Тогаш си замина во Челзи. Не можев да верувам. Ќе беше фантастично засилување, изјави Фердинанд.

Холанѓанецот играше за Челзи од 2004 до 2007 година, потоа имаше две неуспешни сезони во Реал (М), а во 2009 година го направи потегот во кариерата. Потпиша за Баерн (М) и во следните 10 години ги освои сите можни трофеии на клупската сцена. Пред една година стави крај на својата фудбалска кариера.