Екипата на Алкалоид на најдобар можен начин ја заврши дебитантската сезона во македонската ракометна елита. Младиот тим предводен од Кирил Лазаров во последното коло извојува голема победа од Вардар 1961 и со тоа заврши на вицешампионското место оваа сезона.

Втората позиција носи директен пласман во групната фаза во Европската лига на ЕХФ, но не и само тоа. Алкалоид во следната сезона ќе дебитира и во СЕХА лигата и заедно со шампионот Еурофарм Пелистер ќе бидат македонските претставници во регионалното натпреварување.

Така, Алкалоид ќе стане петтиот македонски тим кој некогаш настапил во СЕХА, по Еурофарм Пелистер, Вардар, Металург и Макс Струмица.