РК Алаклоид со втората победа над Вардат во плејофот во Суперлигата, го освои второто место на табелата и обезбеди директен пласма во Лигата на Европа за наредната сезона, а победничкиот пехар по 18 – години Е.Пелистер го донесе во Битола

Ракометарите на Алкалоид одиграа уште една неверојатна партија и вторпат сезонава ги совладаа најтрофејниот македонски ракометен клуб, Вардар 1961, (21:25), овој пат како гости во СЦ „Јане Сандански“

Со овој триумф, четата на Кирил Лазаров, го осигури второто место на табелата, а со тоа и директен пласман во Европската лига на ЕХФ. На новиот драматичен натпревар, вардарци премногу грешеа, што беше казнето од мотивираниот противник. За разлика од „фармацевтите“ , за влез во Европската лига, Вардар ќе треба да ги помине квалификациите.

Со играњето на последниот натпревар, од „црвено-црниот“ дрес се збогуваа  двајца од актуелните првотимци – Куни Моралез и Филип Талески. Двајцата заминуваат од „црвено-црните“, Моралез оди во ППД Загреб, а Талески заминува во Бенфика.  Вардар 1961 во новата сезона ќе има нов лик и веќе се најавени и првите две засилувања од Србија, тоа се Марко Срдановиќ, кој игра на крилната позиција и бекот Стефан Петриќ од Партизан.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, пак го кренаа шампионскиот пехар во Суперлигата на Македонија. Последниот натпревар на „зелено-белите“ се играше во салата „Боро Чурлевски“, каде што навивачите на полните трибини го поздравија првакот и беа сведоци на враќањето на трофејот во Битола по 18 години.

Тренерот Александар Јовиќ, кој беше играч кога клубот последен пат беше шампион, сега, како предводник од клупата, дојде до успехот и не можеше да ја скрие радоста.

– Осумнаесет години го чекавме овој прекрасен ден, да го вратиме шампионскиот пехар таму каде што му е местото. Мислам дека ова е заслуга на целиот тим, на стручниот штаб и на управата. Самата клупска визија беше најдобра годинава. Во разговори со управата ќе се направи сè за да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите. Сакаме добро да се претставиме меѓу 16. најдобри во Европа. Сметам дека сега е моментот да удриме добри темели и да го стабилизираме клубот за уште долго да бидеме шампиони на Македонија – изјави Јовиќ.