Ричарлисон опција за нападот

96

Менаџерот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Евертон, Ричарлисон.

Од почетокот на новата сезона Јунајтед има сериозен проблем со реализацијата, но Солскер е убеден дека бројот на погодоци ќе биде зголемен со купувањето на Ричарлисон, кој според челниците на Евертон вреди најмалку 60 мил. фунти.