Ричард Гир ја бакна јавно пред 15 години, тоа за индиската актерка значеше повеќе од деценија во пекол/ФОТО

104

Индиската актерка Шилпа Шети (46) официјално е ослободена од обвиненијата за разврат откако холивудската ѕвезда Ричард Гир (72) јавно ја бакна на настан за подигање на свеста за СИДА пред 15 години.

Инцидентот потоа предизвика протести во кои радикалните хинду групи ги запалија лиовите на двете ѕвезди поради оцрнување на индиската култура.

Набргу потоа, судијата издаде налог за апсење, а двајцата беа обвинети за неколку точки за прељуба и недолично однесување.

Обвинувањата против Гир беа брзо повлечени, што му овозможи на еден од најпознатите будисти во светот да се врати во Индија и да се сретне со Далај Лама.

 Но, случајот против Шети беше во рацете на индиското правосудство повеќе од десет години додека конечно не беше официјално завршен минатата недела во Мумбаи.

Во судскиот документ објавен во вторникот, судијата рече дека обвинувањата против актерката се „неосновани“ и дека таа била жртва на несакана љубовна изјава на позната холивудска ѕвезда.

„Се чини дека Шилпа Шети била жртва на наводниот чин на обвинетиот број еден (Ричард Гир)“, се вели во документот.

На снимката од 2007 година може да се види дека Гир спонтано ја бакнува Шета во рака, по што цврсто ја прегрнал и неколку пати ја бакнал во образ. Се се случи додека двајцата беа на сцената.

Адвокатот на Шети рече дека целиот случај се заснова на тоа што „не се бунела кога тој ја бакнувал“.

„Тоа во никој случај не ја прави сторител на какво било кривично дело“, додаде адвокатот.

Шети (46) се уште јавно не ја коментираше одлуката на судот.

Таа ги бранеше постапките на Гир во 2007 година.

Актерот подоцна се извини за својот чин, со кој очигледно сакаше да докаже дека бакнувањето е безбедна активност која не пренесува СИДА.

Шети е најпозната надвор од Индија по појавувањето во британското реално ТВ шоу „Големиот брат на славните“ во 2007 година.

Серијата се најде во центарот на скандал откако беше расистички малтретирана од други натпреварувачи.