Македонскиот автомобилист Ристо Вуков смета дека трката во Монте Карло, што ја возеше изминатиот викенд во рамки на Порше Суперкупот, била голема лекција за него.

  • Имав само 10 круга тренинг во четвртокот, а потоа следуваше излетувањето во првиот круг од квалификациите. Ме понесе желбата да направам подобар резултат, бидејќи квалификациите се клучни за секоја трка што се вози низ улиците на Монте Карло, којашто се должи на фактот дека нема многу шанси за престигнување. Сепак, она што сите го кажуваат дека во природата на оваа патека е да биде сурова, бидејќи нема зони за излетување и бариерите се премногу блиску до асфалтот, јас го научив на сопствена кожа, изјави Вуков.

Официјално, тој трката ја заврши на 18. место од 29 возачи кои стартуваа, со резултат околу 15 секунди зад победникот. По најавениот тест во Унгарија, Вуков ќе се подготвува за следниот настап на 2 јули во Австрија, на патеката „Ред Бул Ринг“.