Обвинителката Ленче Ристоска пред почетокот на судењето за Талир, изјави дека СЈО се уште постои и функционира. Таа вели дека според законот за СЈО, тоа постои до септември идната година. 

Ристоска не откри што ќе се случува со предметите откако Јавното обвинителство објави дека ќе ги преземе за понатамошно постапување. Рече дека тоа СЈО ќе го објави во текот на денот преку соопштение.

Инаку судењето за Талир денеска почна од почеток бидејќи изминати се 90 дена од последното судење.

ПОВЕЌЕ:

Денес во 10 часот СЈО ќе одлучува за барањето на Јовески- ќе се селат ли предметите во ОЈО?