Ристов: Во Радовиш ќе субвенционираме поставување на сончеви колектори за граѓаните 

492

Кандидатот за градоначалник на Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Ристов денеска изјави дека во рамки на проектот „Независен енергетски град Радовиш“ домашни инвеститори инвестирале во поставување на сончев покрив.

„Проектот е за поздравување, а ние ќе го подржуваме овој проект и сите проекти што најверојатно во Радовиш ќе се случуваат. Ова се пионерски потфати сè до крајната цел, сите оние кои ќе бидат заинтересирани да се вклучат во овој проект да добијат субвенција од Општина Радовиш за да си ги решат енергетските проблеми. Светот се наоѓа во енергетска криза и ние треба да бидеме спремни да издржиме и да им помогнеме на граѓаните“, изјави Ристов.