Ристовски со нов тренер

65

Тимот на репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски, Спортинг од Лисабон, стави крај на соработката со шефот на стручниот штаб, Марсел Кајзер. Двете страни се согласија да ја прекинат соработката, пренесува „А Бола“.

Педесет годишниот Холанѓанец го предводеше Спортинг од ноември 2018 година и го доведе тимот до трофејот во Купот на Португалија и Лига Купот на крајот на сезоната, а во двете финалиња Спортинг го совлада Порто на пенали. Во следниот период Леонел Понтеш ќе биде предводник на првиот тим.