За македонската музичка ѕвезда Ристе Ристески, победникот на “Ѕвездите на Гранд“ поодамна не се знае каде е и што прави? И тоа уште од времето на започнувањето на коронавирусот.

Освен што знаеме дека се преселил во Белград каде интезивно работи на пејачка кариера и медиумска популарност. Но пандемијата му ги поремети сите овие планови и желби. Наместо да настапува и снима нови песни, овој атрактивен Македонец деновиве е “уловен“ како ретка ѕверка на српската планина Копаоник.

Ристе е таму на скијање со својата девојка која не е од светот на естрадата. Навистина ретко кој може да го препознае со овој нов сменет имиџ. Сега носи брада, а вака вклопен во скијачка опрема, на никој не би му западнал за око, освен се разбира на внимателните папараци.    Д.М.