Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, кој денеска престојуваше во Тирана упати порака дека САД силно ја подржува борбата против организраниот криминал и корупцијата.

Тој се сретна со премиерот Еди Рама, со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, со мнистерката за Европа надворешни работ Олта Џачка и со претставници на високи правосудни инстaнци.

„Помошникот генерален секретар ја повтори силната поддршка на САД за реформите во правосудниот систем и борбата против организираниот криминал, истакнувајќи дека напредокот по овие прашања ќе ги поттикне демократијата, одбраната и бизнисот во Албанија и дека ќе го продолжи патот на земјата кон пристапувањето во Европската унија“ стои во соопштенето што, доцна попладнево го објави амерканската амбасада.

Се додава дека за време на сите средби, Рикер го истакнал значењето на односите меѓу САД и Албанија во последните 30 години.

Исто така го нагласил и значењето на борбата против корупцијата, што е „клучен интерес за националната безбедност на САД“.

„Тој ја подвлече определбата на претседателот Бајден и државниот секретар Блинкен дека борбата против корупцијата, вклучително и преку јавни дефиниции за голема корупција според член 7031 (в) од Стејт департментот за надворешни операции претставува интерес од суштинско значење за националната безбедност за СAД. Тој им честиташе на лидерите на Албанија за успехот како домаќини на вежбата „Дефендер Европа 21“ која ја потенцираше стратешката улога на Албанија во регионот“ – се навдува во сооштението.

Тој ја поздравил улогата на Албанија во регионот и на глобалната арена и и честитал на Албанија за членството во Советот за безбедност на ООН.