Дома МАКЕДОНИЈА Рикер: Дел од моето срце останува  во Северна Македонија

Рикер: Дел од моето срце останува  во Северна Македонија

89

Со извинување дека ќе зборува на англиски јазик ја започна својата изјава заменик помошникот секретар на САД, Филип Рикер, кој е денеска во работна посета на Македонија. Тој потсети дека бил ангажиран во амбасадата на САД уште во 90-тите години, а дека беше и амбасадор од 2008 до 2011 година.

-Чест ми е и радост што сум назад тука во Северна Македонија. Дел од моето срце секогаш останува тука во Северна Македонија. Вие секогаш имате поддршка од САД и секогаш ќе ја имате и мојата поддршка. Како поранешен дипломат на САД бев тука во тешкиот период на 90-тите, се вратив како амбасадор, а потоа како заменик асистент секретар за Европа – рече Рикер.

Тој ја пофали Владата за спроведените реформи, рече дека растот на странски инвестиции е инспиративен, а го спомна и успехот на Преспанскиот договор.