Рибери се сели во Австралија

52

Францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Франк Рибери, ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Крилниот напаѓач веќе изјави дека ги игра последните натпревари во баварскиот дрес, а според последните информации кои пристигнуваат од Минхен, Рибери најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Австралија. Поранешниот фудбалер на Олимпик од Марсеј веќе има добиено официјална понуда од Вестер Сиднеј Вондерс.