Дома СВЕТ Речиси третина од примероците на Ковид-19 покажуваат мутација, но не и потешка...

Речиси третина од примероците на Ковид-19 покажуваат мутација, но не и потешка форма на болест

434

СЗО собрала 60.000 примероци на вирусот досега, рече таа.

Научниците од истражувачкиот центар „Скрипс“ овој месец откриле дека до април 65% од случаите во светот имале мутирани вируси.

Генетска мутација во новиот коронавирус, со ознака D614G, значително ја зголемува неговата способност да зарази клетки и може да се објасни зошто болеста се шири побрзо во северна Италија и Њујорк отколку порано за време на пандемијата, се наведува во студијата.

Мутираниот вирус кружел во Европа и Америка

Марија Ван Керхове, епидемиолог од СЗО, на денешниот брифинг рече дека мутираниот вирус е идентификуван уште во февруари и циркулирал во Европа и Америка.

„Засега нема докази дека ова води кон потешка форма на болеста“, рече таа.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, рече дека организацијата наскоро треба да ги добие резултатите од клиничките испитувања на лековите кои би можеле да бидат ефективни во лекувањето на ковид-19.

„Скоро 5.500 пациенти во 39 земји во моментот се вклучени во испитувањата“, рече тој на конференцијата, осврнувајќи се на клиничките испитувања што ги води агенцијата на ООН.