Речиси половина милион луѓе починаа од ковид-19 во САД

22

Насловната страница на „Њујорк тајмс“ ја открива ужасната загуба на човечки животи од  пандемијата на коронавирусот на САД.

Едноставна, но моќна фотографија која се протега долж целата страница, покажува точки што претставуваат животи загубени од коронавирусот. На страницата има речиси 500.000 точки – што значи дека повеќе Американци загинаа од ковид-19 отколку на боиштата од Првата светска војна, Втората светска војна и Виетнамската војна заедно.

САД во јануари, непосредно пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од коронавирусот, а се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс