Речиси да нема негативен во државава, сите се позитивни и сите шмркаат и кашлаат!

3905

 

 Заразените со корона веќе нема да бидат во изолација десет туку седум дена. По препорака на Комисијата за заразни болести, Кризниот штаб ѝ препорача на Владата да донесе ваква мерка која веќе се применува во многу земји во светот.  Одлуката се очекува денес. Намалувањето на денови на изолација е кај пациенти заразени со корона кои имаат полесна клиничка слика  и кои се во можност да ги извршуваат работните обврски. 

Одлуката доаѓа во моментов кога омикрон сојот на коронавирусот го достигнува пикот, инфективните одделенија повторно се полнат со пациенти, поради што нема слободни болнички места на  Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“

Само вчера,  е соборен нов дневен рекорд на заболени. За 24 часа направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2341 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број позитивни, реинфицирани се 308 лица, од кои една втора реинфекција, регистрирани се 21 починато лице и оздравени се 1470 лица.

 

 

Заразените со корона веќе нема да бидат во изолација десет туку седум дена.  По препорака на Комисијата за заразни болести, Кризниот штаб ѝ препорача на Владата да донесе ваква мерка која веќе се применува во многу земји во светот. Намалувањето на денови на изолација е кај пациенти заразени со корона, кои имаат полесна клиничка слика и кои се во можност да ги извршуваат работните обврски.

Одлуката доаѓа во моментов кога омикрон сојот на корона вирусот го достигнува пикот, инфективните одделенија повторно се полнат со пациенти, поради што нема слободни болнички места на Инфективната Клиника и во ГОБ „8 Септември“.

Само вчера,  е соборен нов дневен рекорд на заболени. За 24 часа направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2341 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број позитивни, реинфицирани се 308 лица, од кои една втора реинфекција, регистрирани се 21 починато лице и оздравени се 1470 лица.

Според расположивите податоци на Институтот за јавно здравје минатата недела за 4,5 проценти се зголемил бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос на претходната. Во периодот од 17 до 23 јануари се регистрирани 11.610 нови позитивни случаи во 35 града низ државата, а процентот на позитивност во просек е 29,1 отсто.

Зголемениот број на инфекции дојде од почетокот на годинава откако новата варијанта омикрон, која е многу позаразна, се прошири речиси во сите делови од светот.

Според податоците на ИЈЗ, биле пријавени 1.559 реинфекции, што е за 25 проценти повеќе во однос на минатата недела, но бројот на смртни случаи бил зголемен за 76,4 отсто (97 смртни случаи во 20 градови). Најголем дел од смртните случаи се од Скопје, каде што починале 38 пациенти.

Во однос на тестирањето, бројот е намален за 15,6 отсто.

„Најголем дел од регистрираните случаи 6.045 или 52,6 отсто се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево, односно 1.127,9 позитивни лица на 100.000 жители“, наведуваат од ИЈЗ.

Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, а најзастапени сè од 30 до 39 години, а најмала бројка има од 0 до 9 години.

Истиот период минатата недела оздравеле 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Најголем број, односно 87,6 отсто од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Од почетокот на вакцинацијата вкупно се вакцинирани 864.759 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, од кои во моментов се активни 20.020. Најголем број активни случаи има во Скопје – 11.012, потоа Битола – 1.542 и Прилеп – 785. Најмалку активни случаи има во Дојран – 13, Дебар – 20, Демир Капија – 21…

Во општина Гевгелија има рекордно зголемување на бројот на пациенти инфицирани со сојот омикрон. Само изминатата недела биле регистрирани 188 новозаболени од чија потреба за прегледи и лекување се чувствува притисок врз здравствените капацитети и здравствените работници. Во Штип има заразени лекари, медицински сестри, техничари и болничари од Клиничката болница, кои се на домошно лекување. И покрај големиот притисок од пациенти на Инфективното одделение, но и направената реорганизација на кадарот поради тоа што имаат еден дел заразени, надлежните од болницата велат дека засега не размислуваат да ја пуштат во употреба модуларната болница.

 

Потврдени седум пациенти инфицирани со флурона во Македонија

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје како резултат на паралелно тестирање на грип и на ковид-19, седум лица добиле позитивни тестови на флурона. Во нашата земја за првпат флурона пристигна на 5 јануари, кај 26-годишен пациент од општина Зајас. Според епидемиолошката анкета, тој непосредно пред новогодишните празници се вратил во Македонија од САД каде што примил вакцина против ковид-19, а се ревакцинирал непосредно пред да дојде во земјава.

( В.М.Б.)