Рецепт на денот – ПЕЧЕНИ КРАСТАВИЦИ НА СКАРА

220

Потребни состојки:
1 поголема краставица или неколку помали
6 лажици сенф, магдонос
1 туна конзерва, сирење
1 чешне лук, маслиново масло
бибер, со, копар
Подготвување:
Доколку краставицата е поголема и подебела тогаш исечете ја краставицата по должина (неизлупена), па со лажица издлабете ја средината и исчистете ја. Направете ја во вид на чамец. Сега иситнете ја туната, додадете го истолчениот лук, другите мирудии и сенф. Наполнете ја вдлабнината на краставицата. Ставете ја подмачкана со маслиново масло на скара и печете околу 20 минути, додека не омекне краставицата. Помалите краставици исечете ги на колутчињата. Кога ќе се оладат од скарата и големата и малите, печените краставици исечете ги на парчиња или колутчиња, оросете со малку магдонос и послужете со сирење. Добар апетит!