Рецепт на денот: МОРСКИ ШКОЛКИ ВО МАСЛИНОВО МАСЛО

657

Потребни состојки:

  • 1 кг школки
  • 1 лута пиперка
  • 3 чешниња лук,
  • мелен црн пипер
  • сол,
  • 5 лажици маслиново масло
  • цел исцеден лимон,
  • малку оригано

Подготвување:
Загрејте го маслиновото масло во длабока тава на средна температура. Испржете го лукот во маста. Исечете лута пиперка и додадете ја во тавата. Промешајте, додека зеленчукот не омекне. Потоа добро измијте и исцедете ги школките, за да не прскаат додека се готват. Сега ставете ги во тава и покријте со капак. Оставете ги така да се подготвуваат некое време додека да омекнат.Кога готовите школки самите ќе се отворат, зачинете ги со црн пипер, малку оригано и сол. Сè се така меша, па потоа се служи. Послужете ги готовите школки спремни за јадење со свеж сок од лимон и со добро бело вино. Добар апетит!