Ретко кој знае: Адријана има родена сестра!

343

Речиси никој или ретко кој  знае дека популарната Адријана  има родена сестра. Тоа неодамна сепак се дозна кога нејзината постара сестра Гордана беше гостинка на штотуку одржаниот многу успешен меѓународен  „Гастро-Мак 2019“.

Двете сестри многу се сакаат и почитуваат, постојано се во контакт. За да и даде и максимална поддршка во сето она што Адријана го работи, постарата сестра Гоца дојде дури од Германија каде што живее и работи, тука во нашиот Охрид на лице место да присуствува на професионалните успеси на помладата Адријана.

И секако дека беше маѓепсана од тоа што можела да го види, па со мирна душа и полно срце се врати дома во Германија, каде што со воодушевување на Германците им раскажувала за гастро настанот во Македонија, во организација на својата сакана сека Адријана.  Фото-текст: Дуле М.