Ретка глетка:„Месечина“ пронајдена на крајбрежјето на Орегон!

181

Пронајдена е голема шарена риба Опа, која минатата недела се насука покрај брегот на Орегон. Оваа многу ретка риба, позната како месечева риба, е откриена на плажата Сансет во градот Сисајд тежела околу 45 килограми.

Оваа риба е ретка за крајбрежјето во Орегон, соопшти аквариумот Сесајд во објава на Фејсбук, во која објавија неколку фотографии од рибата.

Кит Чендлер, извршен директор на Аквариумот Сисајд, изјави за Си-Ен-Ен дека оваа риба е невообичаена да се најде покрај брегот на Орегон и е во одлична состојба. “

A large fish, rare to the Oregon Coast, was found on Sunset Beach this morning. The 3.5 foot, 100 lbs Opah was reported…

Posted by Seaside Aquarium on Wednesday, July 14, 2021

Тие се прилично кул риби и ние обично не ги гледаме на брегот. Беше прилично возбудливо за локалното население”, рече Чендлер.

Според Националната управа за океани и атмосфера (НОАА), малку е познато за видовите, бидејќи тие живеат длабоко во океанот. Видот обично се наоѓа во умерени и тропски води.

Опа може да порасне до над 182 см и да тежи над 600 килограми. Поради состојбата во која е пронајдена рибата, Чендлер верува дека била на плажа помалку од еден час пред персоналот на аквариумот да го добие известувањето.

Бидејќи рибата не преживеала, се чува во голем замрзнувач, а аквариумот планира да работи со локална организација за дисекција на рибите за да дознае повеќе за видовите.

www.washingtonpost.com