Република Српска ќе прогласи независност доколку биде наметнат законот за имот

55
EPA-EFE/ALEKSANDAR GOLIC

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, денеска најави дека РС ќе прогласи независност, доколку високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне законот за имот.

– Ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независноста на Република Српска, изјави Додик во Прњавор.

Изјавата е одговор на новинарско прашање да ги коментира информациите дека Шмит подготвува закон за имот и како ќе реагира Република Српска во случај да се наметне таков закон.

Додик претходно изјави дека смета оти прашањето за имотот е решено со Дејтонскиот договор и дека недвижен имот им припаѓа на субјектите, а не на државата Босна и Херцеговина и ја отфрли можноста Парламентот на Босна и Херцеговина да донесе закон за државна сопственост.