Додека мексиканската репрезентација се натпреварува на Светското првенство во Катар, легендарниот напаѓач на оваа земја и поранешен играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез Чичарито игра „Call of Duty“.

По Светското првенство во Русија во 2018 година, тој одигра само три натпревари бидејќи беше откриено дека тој стои зад оргиите во пресрет на тоа Светско првенство. Затоа сега не е во селекцијата на Мексико, а додека неговата репрезентација се натпреварува во Катар, тој ја игра познатата игра и пцуе.

Чичарито за репрезентацијата на Мексико одигра 109 натпревари и постигна 52 гола. Покрај Реал и Манчестер Јунајтед, во кариерата настапуваше и за Гвадалахара, Баер Леверкузен, Вест Хем, Севиља и Лос Анџелес Галакси, чиј член е сега.